Вчера во периодот од 13.00 часот до 18.20 часот во стан на ул.„Рахилка Гонева“во Свети Николе, непознат сторител извршил разбојништво над С.К. (91), при што одзел 30.000 денари.
Напаѓачот влегол низ незаклучена врата и со тап предмет физички го нападнал С.К., нанесувајки му повреди во по целото тело. Откако изнудил да каже каде ги чува парите, ги зел и го напуштил местото.
Синот на С.К., во неконтактибилна состојба го донеол во ЈЗУ-Свети Николе, каде по укажаната помош старецот е пуштен е дома, а на ноќва во 02.00 часот им подлегнал на повредите.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.