| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ со пораст на консолидираните продажби од 4 проценти, пораст на консолидираната нето-добивка од 8 проценти и 95 нови вработувања во периодот јануари – јуни 2016 година

alkaloid skopje logo

„Алкалоид а.д.“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.197 милиони денари, што е за 4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5 проценти. Зголемување од 8 проценти е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 598 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8 проценти, покажува консолидираниот биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.244 милиони денари, што е за 6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 583 милиони денари, бележи зголемување од околу 9 проценти, додека нето добивката е зголемена исто така за 9 проценти.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2016 година изнесуваат 344.331 илјади денари.

Во периодот јануари – јуни 2016 година во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top