| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на терористот што закла свештеник: Тој е добар, не сум одгледала ѓавол

politicar_dogadaj_templateTeroristbbf37Мајката на 19-годишниот терорист на ИД кој го закла свештеникот во црква во Нормандија, за француска телевизија изјавила дека нејзиниот син не е чудовиште.

Абдел Малик Петитжан влегол во црквата заедно со Адел Кермиш. Двајцата го присилиле 85-годишниот свештеник Жак Хамел да клекне, а потоа му го пресекле гркланот пред очите на чесните сестри и на верниците.

Мали се наоѓал на листата поединци под надзор поради обиди да замине за Сирија преку Турција минатиот месец.

Неговата мајка, Јамина Петитжан ги отфрла наводите дека тој е вмешан во нападот.

– Да, тоа е тој на фотографијата. Но, тој е добар Французин. Нежен е. Го познавам своето дете. Не сум одгледала ѓавол. Го познавам синот. Тој нема врска со ова. Тој не е чудовиште, а сега сите тоа го велат – рекла таа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top