| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на стартот на ЕП, Македонија потклекна пред Норвешка

Македонската јуниорска репрезентација е поразена на првиот меч на Европското првенство во Данска, отакако беше совладана од Норвешка со 27-24. „Црвено-жолтите“ во 51. минута имаа негатива од десет голови (25-15) и беше избегната голема катастрофа.

Македонската јуниорска репрезентација за жал не успеа да приреди сензација на отварањето на Европското првенство во Данска. Норвешка ја оправда фаворитската улога, уште на стартот наметна силно темпо. Наште ракометари немаа сили соодветно да одговорат таквата игра, па на полувремето губеа со 12:7.

Веднаш по одморот, Норвежаните со три гола гола во серија зголемија на 15:7. „Црвено-жолтите” се обидуваа да ја стопат негативата на стартот на 40. минута стигнаа на 16:11, но Норвешка со четири гола во серија повторно поведе, но овој пат со највисоки 20-11.
Сите надежи завршија во 51. минута кога противникот стигна до двоцифрени плус 10 (25-15). До крајот Норвешка се опушти, па нашите ракометари успеаја да намалат на 27-24.

Македонија утре игра против Данска (20) часот. Сабота е слободен ден, додека групата ќе се комплетира во недела кога јуниорите ќе се сретнат со Холандија.

Во следната фаза место ќе обезбедат првите две пласирани екипи од секоја група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top