| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши домаќини: Им ги запалиле крпите на туристите кои ги оставаат преку ноќ на плажа

Хрватските домаќини не се многу пријателски настроени кон туристите. Во Макарска и во Водици мештаните се бунат што гостите ги оставаат крпите за на плажа преку ноќ, за да „фатат“ место за следниот ден. Некои од нив биле толку револтирани, што презеле и конкетни мерки, пишуваат медиумите во Хрватска.

Најлоша била ситуацијата на најпопуларната плажа „Јаз“ каде што Општината пред две години поставила дрвени лежалки. Но, од рано наутро нема место, бидејќи сите биле зафатени, односно секој турист од вечерта си ја оставил својата крпа на лежалката.

На другите плажи била слична ситуациајта. Мештаните двапати „собрале“ повеќе од десет крпи и ги запалиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top