| четврток, 6 декември 2018 |

Руски милионер се ожени за 37 години помлада жена, заедно се од нејзината 14 година

Еден од најпознатите руски нафташи, 55-годишниот Валентин Иванов се ожени за манекенка со која почнал врска кога таа имала само 14 години.

Поранешниот прв човек на „Лукиол“ се венчал со 18-годишната Елизавета Адаменко и тоа во гламуреозен дворец во Франција.

Венчавката наводно се одржала пред шест недели.

Младата манекенка редовно на својот профил на Инстаграм се фали со раскошниот животен стил. Во Русија и во Сингапур, каде што живее двојката границата за сексуална согласност е 16 години, властите не го истражувале нивниот однос.

Елизавета на социјалните мрежи се лути на оние кои ја доведуваат во прашање нејзината љубов кон повозрасниот богаташ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top