| четврток, 6 декември 2018 |

Безживотното тело пронајдено на Бистра, најверојатно, е на еден од исчезнатите

Првичните сознанија упатуваат на тоа дека починатото лице кое вчера беше пронајдено во месноста викана Кош е еден од двајцата исчезнати – татко и син по кои се трагаше во изминатиот период на падините на Бистра, информираат од Основното јавно обвинителство.

-Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, пронајден во месноста викана Кош во непристапниот терен кој води од Лазарополе кон Гари. Обдукцијата ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје. Сепак, обдукцијата треба да го утврди точниот идентитет на жртвата и причините за смртта – се вели во соопштението од ОЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top