| четврток, 6 декември 2018 |

Нов потрес меѓу демократите, Викиликс објави видеоснимки

18148868705799a1bc6962a516819528_v4_big

Викиликс соопшти денеска дека се објавени нови информации коишто содржат и аудио снимки од заседание на Националниот комитет на американската Демократска партија.

Објавувањето на снимки доаѓа во време кога се уште трае Демократската национална конвенција, на која Хилари Клинтон вчера и официјално беше прогласена за кандидат за претседател на САД на Демократската партија.

Објавени се снимките од 29 телефонски разговори во траење од 14 минути. Многу од нив се однесуваат директно на Националниот комитет на демократите.

„Гневен сум поради тоа што му го правите на Сандерс“ – може да се слушне на еден од телефонските разговори.

„Тој станува се повлијателен, а е најлоша личност на светот кога би можела да стане кандидат на Демократската партија, бидејќи не е демократ. Не го подржувајте и навистина не ме интересираат неговите приврзаници и онака повеќето од нив ќе гласаат за Хилари. Доколку продолжите да го поддржувате, јас ќе ја напуштам Демократската партија. Ослободете се од него“ – се довата во истиот разговор направен во Аризона.

Објавувањето на првиот пакет електронски пораки на Демократскиот националeн комитет предизвика потрес во самата партија, што доведе до оставка на претседателката на Комитетот, Деби Васерман Шулц, бидејќи меѓу останато преписките открија дека Комитетот и таа лично ја фаворизирале Клинтон во однос на нејзиниот соперник Берни Сандерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top