| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца на колена пред премиерот: Ве молам, имајте милост за Вељко

Вељко Ражњатовиќ повторно е во Црна Гора. Нормално, за сите оние што не знаат што се случило таму пред една година е дека синот на Цеца и неговиот пријател Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска, морале да ја напуштат Црна Гора во рок од 24 часа поради нивното недолично однесување.

Вељко не ја поминуваше црногорскта граница сѐ до минатиот викенд, кога дошол на настапот на неговата мајка во еден будвански клуб. Во градот се зборува дека Мило Ѓуќановиќ лично му дозволил престој во својата држава, но под одредени услови.

Цеца Ражњатовиќ отсекогаш познавала моќни луѓе. Така и во Црна Гора ги знае најважните, премиерот на Црна Гора на кого се обратила за помош бидејќи сакала Анастасија и Вељко да бидат со неа во Будва. Ќерката дошла неколку дена порано со другарките, а синот морал да го чека одговорот од премиерот.

– Цеца му ветила на Мило дека Вељко постојано ќе биде покрај неа. Им рекла на пријателите да му пренесат дека нејзиниот син е свесен за последиците од неговото неодговорно однесување од минатото лето – вели соговорникот за српски „Курир“.

Српската пејачака долго чекала одговор од Ѓукановиќ, додека Анастасија се забавуваше во Будва, нејзиниот постар брат во Белград се нервирал поради можниот негативен одговор.

– За Вељко тоа беше голем пораз. Замислите, и мајка му и сестра му во Црна Гора, а тој не смее да дојде, а глуми голема фаца, коментира соговорникот за српски Курир.

Позитивните вести пристигнале во последен момент, но не од Ѓукачновиќ.

– Црногорските власти дале одобрение дека младиот Ражњатовиќ може да дојде, но само во придружба на неговата мајка. Цеца добила и недвосмилсена порака за санкциите кои следат доколку Вељко направи некој инцидент. Нормално, ќе му биде забрането доживотно влегување во Црна Гора. И тоа е вистина, верувајте ми, вели соговорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top