| четврток, 6 декември 2018 |

Кошарка У-18: Нов пораз на македонските јуниорки на ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе и четвртиот убедлив пораз во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Избраничките на селекторот Горјан Стојановски, во рамки на последното 4.коло во Ц групата попладнево се поразени од Англија со 41:67 по четвртини 13-10, 10-18, 9-25 и 9-14.

Во четири порази во исто толку одиграни натпревари, македонските јуниорки завришја како последно пласирани во Ц групата, па во продолжение на шампионатот тие ќе разигруваат за пласман од 17-тото до 19-место на првенството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top