Српската старлета Сораја и фудбалерот на Барса Нејмар се запознале лани на Ибица, а таа го замолила да се фотографираат. Бујната старлета би сакала на фолк-фестивалот „Рингишпил“ во Сплит да ѝ се придружи фудбалерот на Барселона.
Бразилскиот фудбалер наводно за два дена ќе слета на сплитскиот аеродром. За одмор барал вила на Хвар со приватна плажа, а резервирал, како што дознава порталот „24сата.хр“, и две јахти. Наемот за јахтата од 35 метри чини околу 3.000 евра на ден. Не е познато колку Нејмар (24) би требало да остане на Јадранското море.
Фудбалерот, кој „тежи“ 84 милиони евра, би требало да дојде со приватен авион, а во Хрватска би требало да се сретне и со Сораја (29).
Таа ќе се забавува на фолк-фестивалот „Рингишпил“ во Сплит, па го повикала фудбалерот да ѝ се придружи. Се запознале пред две години на Ибица. Ги запознал заеднички пријател од Македонија, после што старлетата и фудбалерот продолжиле да се допишуваат, но и да се гледаат.
Fuck the rest and be the best 💋 #loveyouall
A photo posted by Sara (@sorajavucelic) on
Британските медиуми известуваа за нивната летна авантура, а пишуваа и дека фудбалерот по старлетата праќал приватен авион со кој дошла да го посети во Барселона. Таа никогаш не сакала да го коментира нивниот однос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.