„Да се заштитиме од кражби“ е превентивниот проект што СВР Охрид отпочна да го реализира преку велосипедската полициска патрола и оделението за превенција.
Целта е подобрување на општата безбедносна состојба но и навремена превенција на граѓаните од сите безбедносни ризици поврзани со кражби по плажи, куќи и станови, кражби од возила, кражби во згодна прилика и други имотни деликти.
Во рамките на проектот, полициските службеници-велосипедисти се во постојана комуникација со граѓаните во централното градско подрачје а посебно на плажите, со угостителите како и со одговорните на паркиралиштата.
Спречете дрска кражба, внимавајте на паричникот, чувајте го мобилниот, заштитете го вашиот автомобил, се само дел од предупредувањата и советите, што полицајците-велосипедисти им ги пренесуваат на туристите по плажите, делејќи им едукативни флаери.
Покрај во превентивните, велосипедската полициска патрола е активно вклучена и во репресивните мерки насочени кон реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје. Велосипедистите-полицајци се активни и на реализација на мерките за одржување на јавниот ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст