Група на навивачи на фудбалски шампион на Србија Црвена Звезда, синоќа во Сончев брег биле уапсени од бугарската полиција, пишуваат тамошните медиуми.
Навивачите на српскиот тим најпрво направиле голем неред во хотелот каде што биле сместени, а потоа нивниот автобус бил опколен од полицијата.
По завршувањето на претресот, кај неколку навивачи биле пронајдени наркотични средства. Биле приведени 11 навивачи.
На дуелот меѓу Лудогорец и Црвена звезда кој се игра во Разград во рамките на 3. квалификациско коло од Лигата на шампиони, отпатувале околу 1.000 навивачи на „црвено-белите”.
Но, во Бугарија заминале и група српски полициски специјалци кои и помагале на полицијата мечот да мине в ред.
Црвена Звезда веќе е казнета заради кореографијата на Делиите против Валета, па во Србија се прашуваат како би реагирала УЕФА во случај на нов инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!


