| четврток, 6 декември 2018 |

Интернетот го слабее имунитетот

inter
Научници од Универзитетот во Милано открија дека колку подолго сме на интернет, толку е поголема веројатноста да се разболиме.
Во истражувањето што тие го спровеле учествувале 500 испитаници на возраст од 18 и 101 година, при што е откриено дека интернет-зависниците имаат 30 отсто поголема шанса да настинат. Тие се под стрес кога се дисконектирани од мрежата, што доведува до зголемено ниво на кортизол, хормон кој влијае на имунитетот.
Дури 40 отсто испитаници признале дека умерено до значително се зависни од интернет. Просечното време поминато онлајн е шест часа, додека некои во виртуелниот свет биле и по десет часа и тоа претежно на социјалните мрежи.
Немало разлика во полот кога се работи за времето минато на мрежата, но има разлика кога е во прашање содржината. Па така, жените користат интернет за социјалните мрежи и шопинг, а мажите за порнографија и игри.
Научниците пак, предупредуваат на тоа дека не е важно за што го користиме интернетот, времето е пресудно, па ако сте на мрежата премногу долго, ризикувате да се разболите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top