| четврток, 6 декември 2018 |

Од недела нов квиз „Арена“

Од оваа недела, 31јули, ќе започне со емитување на новиот квиз на „Алфа“ телевизија. „Арена“претставува целосно нов концепт кој за првпат ќе започне со продукција и со емитување на македонскиот телевизиски етер. Водител низ овој квиз ќе биде познатиот Димитар Атанасовски.

– Станува збор за нешто ново на нашите телевизиски екрани. Ме привлече идејата на „Алфа“ да направи нешто ново, интересно и забавно. Убаво е чувството се биде дел од овој проект кој за мене е голем предизвик. „Арена“ е забавна за гледачите, за публиката и секако, забавна и за натпреварувачите – вели Атанасовски.

Arena_2

Во секоја емисија ќе има по четири натпреварувачи и првичната идеја е во првата сезона да поминат 64 натпреварувачи кои што ќе се борат за парични награди. Квизот вклучува пет игри во секоја емисија, а на крај има предизвик од публика каде победникот игра против еден случајно избран натпреварувач од публиката, кој се бори да му ги земе парите на натпреварувачот.

– Ова е единствениот квиз во Македонија во којшто публиката со многу малку знаење, малтене и незнаење, има шанса да освои парични средства, а натпреварувачот да отиде во следната фаза од квизот. Предвидено е да има 21 емисија во првата сезона, што значи дека ќе траеме околу пет месеци од оваа недела, па до крајот на 2016 година, а потоа ќе продолжиме со снимање веднаш со втората сезона како што е предвидено. Откако започнавме со пробите и снимањата можам да кажам дека „Арена“ е неверојатно забавен, интересен и заразен квиз кој навистина ќе го освежи македонскиот етер  – изјави Атанасовски.

„Арена“ ќе се емитува секоја недела вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top