Многу ретко во модерната политичка меморија еден кандидат ја сфатил толку лично кандидатурата. Можеби некоја од овие политички фигури имале комплекс на спасител, меѓутоа никој од нив не бил доволно храбар за тоа да го искаже толку јасно како Трамп.
Тоа не значи дека не постои историски преседан за кампања и владеење со платформата со месијанска сигурност. Постои уште еден човек кој тоа го правел – Адолф Хитлер.
Секако, споредувањето на секој модерен политичар со Хитлер е тешко. И секоја споредба е нефер затоа што Хитлер беше зло над злото. Трамп секако дека не е масовен убиец, ниту пак нацист, ниту започнал војна.
Меѓутоа секој кој го има анализирано Хитлер и неговото застрашувачко и непредвидено доаѓање на власт во Германија, може да ги забележи истите елементи во неговите говори и интервјуа.
Меѓутоа, ниту една сличност не е посилна од онаа дека тој „сам“ може да ја спаси Америка од нејзината мизерија. Хитлер славно го присвои моделот на „генијот, големиот човек“ кој го држел клучот на судбината на земјата. Нарекувајќи ја демократијата „шега“ Хитлер жестоко го омаловажувал она што тој го нарекувал „слабо мнозинство“. Напредокот и цивилизацијата можеле да бидат постигнати само преку „генијалноста и енергијата на една голема личност“. Според Хитлер овие големи личности биле Фридрих Велики од Прусија, Наполеон Бонапарта, Ото фон Бизмарк и секако, самиот тој.
Хитлер го градел случајот за „Принципот на Фирерот“ – верувањето во непогрешливоста на лидерот; еден вид на елаборат, историска кована верзија на принципот „Јас сам“. Со тоа, Хитлер ја освои власта во Германија и владееше како апсолутен деспот.
Реченицата на Трамп: „Верувајте ми“ доведе до неговиот „Јас сам“ момент. Едноставно треба да му се верува – да се има доверба во него дека ќе ги реши проблемите и ќе спроведен неверојатни амбициозни програми. На прашањето за тоа како ќе ги изврши неговите екстремни предлози, тој го кажа тоа „верувајте ми“ или варијации од неговата „неверојатна способност“ да ги „реши работите“.
„Мора да постои доверба“, им се обрати Трамп на новинарите кои побараа од него да ги посочи деталите од неговата програма. Неколку пати во текот на неговата кампања, тој потенцираше дека тој го предвидел тероризмот (после пукањето во Орландо, во кои загинаа 49 лица, Трамп на Твитер изрази благодарност до луѓето кои му честитаа поради тоа што бил во право за нападите). „Го предвидов тероризмот бидејќи можам да го почувствувам. Можам да го почувствувам како добра локација“ .
Трамп ги обвини Германија, Јапонија и Јужна Кореја, велејќи: „Тие треба да ни платат нас, и ќе ни платат ако јас им речам. Ако некој друг им рече, нема да платат“.
Ваквите тврдења на супериорна способност е техника која ја користел и Хитлер. Тој го монополизирал нацистичкото движење во текот на 1920-тите, се’ додека „идејата“ не станала идентична со човекот. Хитлер самиот се гледал себеси како единствениот човек кој може да спречи крај на светот и да достигне национална големина. За Хитлер не постоел компромис меѓу пропаста која ѝ се заканувала на Германија која била во рацете на еврејско-болшевички заговор. Тој имал визија за обновување на германската слава. Истото го вели и Трамп, кој верува дека американската катаклизма може да се спречи само со негово избирање како претседател.
„Личноста не може да се замени. Таа не е механички обучена туку е вродена со Божја благодат“.
Ова е суштината на месијанскиот комплекс и централниот столб на митот за Фирерот – дека Хитлер е роден со магично стапче. Хитлер е тој кој наоѓа решенија за барањата на луѓето, и ова е човекот кој ја има тајната напивка.
Истото се случува и со Трамп. Откако изјави дека доаѓа крајот на криминалот и насилството на 20 јануари, тој рече: „Јас сам можам да го поправам“.
Иако можеби Трамп не знае ништо за техниките на Хитлер, неговите инстинкти необично потсетуваат на нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст