Втората по големина осигурителна компанија во Чешка, ,,Кооператива“ соопшти дека се оградува од рекламата, која под нејзиното лого се појави на социјалните мрежи со натпис: „Не ловете Покемони, туку муслимани!“, образложувајќи дека слоганот е изменет, јави дописникот на МИА од Прага.
Компанијата најави дека злоупотребата на нивниот оригинален слоган: „За време на возењето не ловете Покемони!“, ќе го брани по судски пат и ќе побара надомест на направената штета. Фотографијата, со рекламата со антиисламска содржина, која беше подоцна повлечена е споделувана од десетици луѓе со различни коментари.
„Кооператива“ е пристојна компанија и затоа ве молиме да го избришете постот. Навредувачка содржина сте ја поврзале со нашиот бренд и сметаме дека тоа е противзаконски. Во случај да не го избришете постот ќе се браниме по судски пат, напиша компанијата под статусот кој го објави Здружението „Блок против исламизацијата“, кое подоцна го избриша постот. Авторот на фото монтажата изјави дека тоа е пародија на рекламната кампања и не е упатена кон бегалците и Усламот, туку само е одраз на она што е актуелно во јавноста. Сепак рекламата најмногу беше ширена од противниците на муслиманите и Исламот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.