Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Градско-Прилеп кај мотелот „Дреново“, потвдија за МИА од МВР.
– Сообраќајната несреќа ја пријавил случаен минувач. Се работи за патничко моторно возило, кое излетало од патот. Повредени лица има, но засега не може да се дадат повеќе детали за случајот, информираат од МВР.
На местото на несреќата пристигнала брза помош и противпожарно возило, а увидот е во тек.
Фото: Архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.