| четврток, 6 декември 2018 |

Петковски бара да се смени името!

Лидерот на НСДП повика сите парламентарни партии да потпишат договор за партнерство за излез од политичката криза

petkovski.НСДП бара сите парлемантарни партии да потпишат договор за партнерство со кој би се дефинирале три клучни прашања, решавање на спорот за името, остварувањето на Рамковниот договор и  задолжувањето на Република Македонија.

-Пред се, треба да го решиме прашањето за името. Да ја искористиме шансата што ни ја праќа Брисел и во рок од шест месеци да го решиме спорот. Со тоа да си ги зголемиме шансите да добиеме датум за преговори со ЕУ- изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски.
Треба да понудиме излез на од политиката криза, вели тој.

– Никој нема право да се прави налудничав и да не гледа што се случува. Македонија е во длабока политичка и општествена криза, ние сакаме да понудиме на политичките партии потпишување договор кој ќе не легитимира како одговорни субјекти- рече Тито Петковски, претседател на НСДП.

Тој повтори дека се залага за одржување на предвремени парламентарни зибори, зашто парламентот не е повеќе место каде што може да се седне и да се разговара. Може било кое друго место може, а најодгворен е премиерот- рече Петковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top