| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка: Загинаа две момчиња, има и повредени

Две момчиња, 19 годишниот Душан Јакшиќ и 20 годишниот Драгољуб Иваниќ загинаа вечерва во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Зворни – Шековиќи, на местото Папрача.

Возачот на автомобилот, 19 годишниот Стефан Јакшиќ е тешко повреден, пренесува Блиц.рс.

Според очевидците, возилото со кое управувал Стефан Јакшиќ, при голема брзина претенкал друг автомобил и совозачката страна удрил на десната страна од коловозот, потоа во столб од далековод, по што се превртело возилото на кров.

Увидот на полициските тимови е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top