| четврток, 6 декември 2018 |

Американец организатор на пучот во Турција

Поранешниот командант на НАТО силите во Авганистан, пензионираниот генерал на американската војска Џон Кембел, е организатор на неуспешниот обид за пуч во Турција, објави денеска турскиот весник „Јени Шафак“.

Генералот Кембел (59) е „една од клучните фигури кои ги организираа и контролираа војниците кои се обидоа да извршат преврат во Турција“, објави конзервативниот весник на англиски јазик.

Весникот е познат како лојален поддржувач на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој беше цел на обидот за воен удар.

Како што наведува „Јени Шафак“, Кембел исто така, управувал со трансакции во висина од над две милијарди долари преку нигериската „УБА“ банка, користејќи ги своите врски во ЦИА, а парите ги делел на пучистите во Турција.

Пензионораниот американски генерал наводно два пати тајно ја посетил Турција во периодот меѓу мај и 15 јули, кога е избршен обидот за преврат, за кој турските власти ја обвинуваат „терористичка организација на Фетула Ѓулен“(ФЕТО).

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, денеска предупреди дека односите на Анкара и Вашингтон можат да се влошат доколку САД не го екстрадираат муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија.

Вкупно 13.165 лица се уапсени за наводни врски со неуспешниот обид за преврат, изјави вчера Ердоган, кој истакна дека бројот вклучува 8.838 војници, 2.101 судии и обвинители, 1.485 полицајци, 52 локални функционери и 689 цивили, објави турскиот весник „Хуриет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top