Државната изборна комисија (ДИК) од вторник, 26-ти јули, на својата интернет страница ќе ги објави имињата на спорните 39.502 избирачи, кои ќе можат во рок од 25 дена лично или по електронски пат да се јават во Комисијата за да го остварат подоцна своето гласачко право, беше решено во понеделникот попладнето откако членовите на ДИК одржаа работна средба на која ја донесоа конечната одлука за тоа, кога ќе биде објавен списокот со спорните гласачи.
Овие 39.502 гласачи при теренските проверки не беа најдени на домашните адреси, а за нив немаше ни други податоци во институциите. Пријавувањето може да биде електронски, според членовите 48/51 од Изборниот законик, или да се пријават лично во локалните канцеларии на ДИК.
Граѓаните ќе може да се пријават лично, во подрачните единици на ДИК, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде гласачите ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.
Втора опција е пријавување на интернет страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување. Тие ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.
Пријавувањето ќе трае до 16-ти август, а ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот.
Оние кои во предвидениот рок нема да се пријават, ќе бидат избришани од електронскиот список. Списокот со спорни гласачи ќе биде објавен и на страниците на дипломатско конзуларните претставништва за македонските државјани во странство.
Овие рокови зададени од ДИК, следуваат откако партиите потписнички на Договорот од Пржино одлучија за измени во Изборниот законик.
Според партискиот договор, во делот за Избирачкиот список, три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за секое име. Во таков случај, може да се побара личноста да се појави лично, доколку живее во земјата или преку видеоконференција, ако живее во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по истекот на 25-дневниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


