| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда и од МЗТ, Дреновац останува „штрк“ уште една сезона

Еден од најдобрите кошаркари на МЗТ во изминатата сезона Ѓорѓе Дреновац и во следната сезона ќе го носи дресот на актуелниот македонски шампион откако го договори продолжувањето на соработката со управата на клубот.
Ова денеска беше потврдено од страна на раководството на аеродромци, кое успеа да го задржи Дреновац уште една година.

Тој беше меѓу најзаслужните за двојната круна освоена минатата сезона, во просек реализирајќи по 14,9 поени и 4,4 скокови во АБА-лигата, додека во македонското првенство српскиот кошаркар бележеше по 14,3 поени по натпревар.

Дреновац се покажа како одлично засилување по ланскиот трансфер од Игокеа, па раководството на „штрковите“ неслучајно инсистираше на негово останување, особено во ситуација кога македонскиот шампион ќе се натпреварува и во Еврокупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top