„Сè почесто ја слушаме приказната за тоа дека одредени познати личности успеале да забременат на природен начин во четириесеттите или педесеттите години, но тоа, за жал, дава лажна надеж за многу жени, кои веќе долго време безуспешно се обидуваат да останат во блажена состојба по природен пат. Тие обично доаѓаат со прашања од типот „ако таа забременила на 47 години, зошто јас не можам?’“, наведува докторката Девора Либерман, специјалист за плодност од Сиднеј, Австралија.
„Кога повеќе познати личности би собрале храброст и јавно би им признале на тие жени која е, всушност, вистината, тие многу полесно би можеле да сфатат дека не се случуваат чуда . Така, повеќе од 50 проценти од жените до својата 42. гoдина веќе не можат да забременат со своите јајце клетки, а до 45., шансите за бременост настаната по природен пат речиси не постојат. Затоа, ако слушнете дека некоја ѕвезда забременила толку доцна во животот, можете да бидете речиси сигурни дека во прашање е вонтелесно оплодување или донирање јајце-клетки,“додава д-р Либерман.
Исто така, и младите жени треба да сфатат дека не можат да останат бремени многу лесно. Шансите девојка во 20-тите да остане бремена секој месец се 20-25 проценти, а веројатноста опаѓа како што минуваат годините, смалувајќи се на само 10-15 проценти по 35.. До 40. година паѓа на пет проценти, а до 45. на само еден процент.
А, што е најголемиот проблем во целата приказна? Тоа што во 1993 година, 23 проценти од новите мајки биле над 30 години, а во 2011 тој процент се искачил на 43. Заклучокот е дека жените сè почесто одлучуваат да го одложат создавањето семејство, па забременуваат по 35..
За жал, многу жени не сфаќаат дека мајката природа не игра според правилата на луѓето и нема да чека тие прво да изградат кариера и куќа од соништата, бидејќи кога тоа ќе се случи (ако се случи), може веќе да биде предоцна.
Кога е во прашање методот на вонтелесно оплодување, ни тука работите не се најдобри – не само што самата процедура е скапа, туку и процентот на успешно забременување е многу мал – само 6,6 проценти по 40. и 1,2 процент по 45.. Причината за тоа не е во самата процедура, туку во квалитетот на јајце-клетките, кои по 40. значително потешко се оплодуваат, а ризикот од појава на компликации при развојот на фетусот станува значително поголем.
Дури и ако друга жена донира јајце-клетки, жена во средни години значително потешко ќе може да ја поднесе бременоста. Повеќето жени претежно се фокусираат исклучиво на процедурата на оплодување, занемарувајќи го овој аспект што е голема грешка.
Советот е јасен: Доколку имате стабилна врска и доволно пристојни примања, почнете со планирање семејство што порано, а ако тоа не ви оди најдобро – место скапи процедури, земете подолг одмор, одете во природа и често водете љубов. На тој начин значително ќе ги зголемите шансите за создавање семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст