На локалниот пат Кавадарци – Конопиште вчера во 9.10 часот полициски службеници во патничко моторно возило „рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки пронашле 12 илегални емигранти од Сирија, од кои четворица возрасни и осум малолетни деца.
МВР денеска соопшти дека емигрантите се приведени, шест од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а другите ќе бидат вратени назад во Р.Грција.
Возачот, откако не застанал на даден знак, продолжил со движење и по кратко време застанал, го оставил возилото и успеал да побегне. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, се појаснува во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти