| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна тревога во Лондон

Станица на лондонската подземна железница „Голдерс Грин” одново е отворена, откако полицијата се увери дека оставениот автомобил пред самиот влез, не претставува закана за безбедноста, пренесуват британските медиуми.

– Проверките покажаа дека возилото не претставува никаква безбедносна опасност. Станицата одново е ставена во функција, соопшти локалната полиција преку Твитер.

Претходно, денеска полициски портпарол изјави дека добиле дојава за сомнителен автомобил близу станицата, која инаку се наоѓа во еврејскиот кварт.

Метро станицата беше затворена поради безбедносни причини, додека полицијата трагаше по сопственикот на возилото, и работеше на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top