Ботоксот порано бил единствен третман против стареењето. Меѓутоа, сега доби огромна конкуренција со сите можни третмани на најновата технологија. Постојат различни можности за оние кои бараат проверена фонтана на младоста. Иако не можеме да ги избришеме настанатите брчки ,можеме да ги спречиме последиците од стареењето почнувајќи од самиот почеток, од својата исхрана.
Овие производи што ги препорачуваат стручњаците, се повеќе од самите антиоксиданси. Тие го забавуваат стареењето на вашиот мозок и на телото, а тоа е нешто што не можете да го купите во крема. Еве кои се тие производи.
Зелка и семки
Овие производи се голем извор на калциум па се и добра алтернатива за млечните производи. Сите се свесни за потребата од зачувување на цврстината на коските, затоа во исхраната задолжително додадете и семки.
Азиски печурки
Овие печурки ја подобруваат вашата циркулација на крвта, која игра важна улога во здравјето на вашата кожа. Во својата исхрана додадете шитаке, еноки и маитаке печурки и помешајте ги со зеленчук.
Зелен чај
Зелениот чај е моќен извор на катехин-полифенол, кој има силно антиоксидативно влијание.
Кари
Негова главна состојка е коренот од куркума, кој содржи мноштво противвоспалителни состојки што помагаат во намалувањето на воспалението во вашите зглобови и го намалуваат ризикот од настанување на сенилност.
Црното чоколадо го чува здравјето на клетките
Овој вкусен деликатес содржи висока доза на антиоксиданси. Секојдневното консумирање на црно чоколадо со минимална количина на какао од 70 проценти ќе ја одржи еластичноста на вашата кожа.
Чили пиперчиња
Содржат многу каротеноиди и витамин Ц, кои ја одржуваат структурата на вашите клетки на кожата.
Грав
Гравот е богат со протеини, минерали и витамин Б заради кои вашето тело ќе ви биде благодарно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.