| четврток, 6 декември 2018 |

Демократите ги стресе голем скандал пред почетокот на конвенцијата

PHILADELPHIA, PA - JULY 24: Activists march through downtown before the start of the Democratic National Convention (DNC) on July 24, 2016 in Philadelphia, Pennsylvania. The convention officially begins on Monday and is expected to attract thousands of protesters, members of the media and Democratic delegates to the City of Brotherly Love. Spencer Platt/Getty Images/AFP == FOR NEWSPAPERS, INTERNET, TELCOS & TELEVISION USE ONLY ==

Претседателката на Демократскиот национален комитет Деби Васерман Шулц ја објави својата оставка на функцијата пред почетокот на конвенцијата во Флорида.

Шулц ја соопшти информацијата откако се најде под притисок по објавувањето на околу 20.000 пораки на Демократската партија од страна на „Викиликс“, кои сугерираат дека активно се работело на дискредитација на кампањата на сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

 

Во соопштението Шулц наведува дека оставката ќе ја поднесе на крајот на четиридневната конвенција на Демократската партија, која почнува денеска во Флорида.

– Планиравме голема и единствена конвенција и се надевам и очекува дека со тоа Демократскиот национален комитет, ќе има силна поддршка од сите демократи за ова да биде најдобрата конвенција до сега – порача Шулц.

sulc

Претходно, Сандерс побара од Шулц да поднесе оставка. Се огласи и претседателот на САД Барак Обама, кој и се заблагодарил на Шулц за претседавањето со комитетот.
„Си-Ен-Ен’ претходно јави дека Шулц нема да претседава со партиската конвенција и дека ќе биде заменета со членката на Претставничкиот дом од Охајо Марша Фаџ.
Во еден од спорните маилови објавени од ВИкиликс, се сугерира дека Сандерс можеби е атеист, иако тој отворено зборувал за своето еврејско наследство.
Сандерс во интервју за „Си-Ен-Ен“ ги оценил коментарите од поракие како „ужаснувачки“, но и навел дека тоа не го шокирало бидејќи на таа тема зборувал пред шест месеци, велејќи дека комитетот ја поддржува Клинтон и е против неговата кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top