| четврток, 6 декември 2018 |

Русите сепак ќе добијат шанса да учествуваат на ЛОИ во Рио

rusija

Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) донесе одлука руските спортисти да добијат шанса да учествуваат на претстојните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро. На состанокот на 16-те членови на Извршниот комитет на ИОК е одлучено сите спортисти да не трпат идентична казна, односно да бидат дискриминирани да не настапуваат на Игрите, затоа што дел од нив користеле недозволени допинг средства.

Претходно, ВАДА (Светската Антидопинг Агенција) откри дека во Русија се извршувал контролиран допинг кај спортистите од страна на државата. Барањето беше руските спортисти комплетно да бидат отстранети и да не им биде дозволено да учествуваат во Рио, но Извршниот комитет на ИОК не го поддржа таквото барање.

Сега во секој спорт поодделно, светската федерација ќе одлучува на кои руски спортисти ќе им биде дозволено да учествуваат на Олимписките Игри во Рио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top