Полубратот на претседателот на САД, Обама од Кенија сака повторно да го врати сјајот на Америка и ќе гласа за Доналд Трамп.
– Го сакам Доналд Трамп затоа што зборува од срце, би сакал да го запознаам, вели Малик Обама кој живее во руралното Кугело во Кенија.
58 годишниот Обама вели дека е разочаран од администарцијата на неговиот брат Барак. Најголем дел на неговото разочарување е поради одлуката на директорот на ФБИ да не покрене обвинение против Хилари Клинтон и како што вели, тоа што токму Клинтон и неговиот брат Барак одлучиле да го убијат либискиот лидер Моамер Гадафи.
– Се чувствувам како Републиканец затоа што тие не се залагаат за легализација на исто половите бракови, вели Обама.
Тој според официјалните информации има три жени, иако се зборува дека во неговиот харем живеат вкупно 12 жени. Последниот брак го склучи во 2011 година кога го привлече вниманието на медиумите поради тоа што неговата избраничка тогаш беше тинејџерка.
Малик најавува дека во ноември се враќа во САД и ќе го искористи своето гласачко право во Мериленд, каде што живеел со години и работел како сметководител.
Малик Обама е убеден дека Трамп е човекот кој носи свежина на политичката сцена во САД. Тој редовно ги носи рекламните реквизити – маички и капчиња кои се дел од кампањата на Доналад Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.