Мојата сопруга почина од инфаркт во болницата полна со доктори, бидејќи повеќе од шест часа никој не се смилуваше да ја пегледа иако беше таа итен случај. Ова низ солзи го рекол Саво Ивашак од Панчево, чија сопруга Снежана (63) починала во средата во болницата во Панчево чекајќи во ходник за преглед.
– Со часови повраќаше и се гушеше во ходникот, но на никого не му беше грижа. Мојата сопруга беше борач, имаше желба за живот, но ни таа не можеше да го издржи толкавата немарливост на докторите, останав сам. 20-годипнито син Душан ја изгуби својата мајка. Меѓутоа, најмногу ме боли фактот дека до тоа не мораше да дојде. Таа би била денеска со нас ако ја прегледаа докторите и ја укажаа помошта на време, раскажува Саво.
Во средата Снежана се пожалила дека не може да дише и дека има силно гушење. Била бледа, а по неколку направени чекори се уморувала и морала да седне. Нејзиниот сопруг и помогнал да стигне во болнивцата, каде оттаму и дале упата за полмологија во болницата во Панчево.
– Се вративме дома. Снежана легна во кревет и рече: „Не можам да одам во болница. Убаво ми е во мојот кревет. Се чуствувам многу лошо, како да сум на смрт. Ја натерав да одиме во болница и направија рендген и ни беше кажано да почекаме ред за преглед кај некој интернист, вели сопругот.
Како што го чекале интернистото на Снежана и било се полошо и полошо.
– МОлев за да ја примат, но ми рекоа дека мора да почекаме. Во меѓувреме, покрај нас поминуваа лекари и медицински сестри и ја видоа колку и е лошо. На никого не му беше важно. Застанав една сестра која ја праша: „ Госпоѓо, што ви е? Сега ќе ви помогнам“. Кога се вратив, докторката ми рече дека на одделението ќе се симне тек во 16 часот, објаснува огорчено Сава.
Меѓутоа, не дојде ни тогаш. Снежана почина околу 17.30 часот.
– Устата и поцрне, докторката почна да ги вика колегите, ја реанимираа но за џабе, рекол сопругот на Снежана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст