| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца косовски Албанци загинаа во нападот во Минхен

Косовскиот портал „Косев инфо“ денеска објави дека тројца, од загинатите при нападот во трговскиот центар во Минхен, се државјани на Косово.

Таткото на еден од жртвите од Косово на Фејсбук напиша дека неговиот 21-годишен син е убиен од страна на „терористичка рака“.

„Газета експрес“ пак објави и фотографија од загинатите.

Во вчерашниот напад девет лица загинаа, а 16 се повредени. По нападот 18-годишниот Германец со иранско потекло се самоуби.

Полицијата наведува дека се уште се нејасни мотивите за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top