| четврток, 6 декември 2018 |

Турци, Грци, Албанци – најмладата жртва во Минхен има само 14 години

Минхенската полиција соошто дека во нападот во трговскиот центар Олимпија загинаа 10 лица, а 27 се ранети и дека напаѓачот не е поврзан со Исламската држава.

Foto: Gettyimages
Како што пренесува Ројтерс, напаѓачот пикал со пишток „глок“ со калибар 9 мм, а во ранецот имал уште 300 куршуми.
Осум од жртвите имале меѓу 14 и 21 година, а една жена е убиена на 45 години. Во болниците има уште 16 повредени лица, од кои две во тешка состојба.
Тројца од убиените се Турци, тројца косовски Албаци и еден Грк чиишто идентитети не се откриени, но се потврдени од министрите за надворешни работи на Турција и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top