Полицијата во Тајланд упадна во домот на супругата на Ендру Мекгрегор Маршал и ја уапси откако тој ја објави срамната фотографија од тајландскиот принц на аеродромот.
Полицијата изјави дека фотографиите биле монтирани и ја задржа во притвор сопругата на шкотслиот новинар, коај е Тајлаѓанка.
Новинарот изјави дека неговата сопруга Нопањан Плиј Бунлусилп била во посета на Банкок со нивниот тригодишен син кога двајцата биле одведени во полиција заедно со нејзиниот татко.
Вооружени полицајци ги одзеле компјутерите и уште неколку други предмети од домот. Полицијата одби да каже зошто е на распит сопругата на новнарот. Мекгрегор Маршал ги твитна фотографиите од принцот на Тајланд на аеродром во Германија, а ги објави германскиот таблоид Билд. Шкотскиот новинар кој живееше во Банкок е жесток критичар на кралското семејство и на военото уредовање на земјата. Според тајландските закони критикувањето на монархијата се казнува со 15 години затвор. Маршал и неговата сопруга не живеат во Тајланд од 2011 година, но тој продолжи да пишува за земјата.Во изјава дадена во Хонг Конг, Маршал навел дека Нопаван (39), која работела за РОјетрс и за Ен-би-си, во моментов е невработена. -Плои никогаш не била вклучена во мојата работа како новинар. Нема причина да биде во полиција. Ако тајландската полиција верува дека сум го прекрлиш законот, нека побара моја екстрадиција на легален пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.