Мис на Црна Гора, Наташа Милосављевиќ, на својот Фејсбук профил проговорила за тоа за што одамна се шушка – за елитната проституција во која се вмешани бројни манекенки. Со своите фанови ја поделила содржината на пораката во која и се нуди сомнителен ангажман, а дека истото го доживеала потврдила и Мис на Хрватска, Маја Спахија.
Во пораката извесна мадам на Наташа, а и на Маја, ѝ нуди викенд во Сингапур со „клиент кој живее во Азија“, а подготвен е да плати бизнис класа – авионска карта, хотел со пет звездички, „ресторани, излегувања и зезанции“. Во пораките се спомнува и дека „цената не е проблем, само треба да се каже колку бара“, а тврди и дека некои мисици „веќе биле кај него и дека биле многу задоволни“.
Црногорската Мис е згрозена
-Се надевам дека оваа ’дама’ и сите останати ’дами’ и ’господа’ ќе ја сфатат јавната, многу јасна порака и мојот став. Очигледно дека поинаку не може да се објасни. Нема да го откривам името ниту овојпат, што не значи дека нема ако ова продолжи. Вчера во текот на денот добивам порака дека има една многу интересна понуда за работа ако сум заинтересирана. Пораката која што дојде, малку е да кажам дека ме фрапира. Очекувам дека е во врска со мојата работа, а тоа е исклучиво и само моделинг. Пораката ме фрапира, вели Наташа и открива како ја одбила „понудата“.
„Подготвен си да платиш е да плати колку сакам? Но, јас немам цена и не можете да ме купите. Со бизнис класа не се возам, хотели со пет ѕвездички не сакам, бидејќи подобра услуга има, а и поопуштено се чувствувам во хотели со четири звездички. На мисиците кои биле и кои водат таков начин на живот им посакувам многу здравје и нека продолжуваат така ако тоа ги исполнува. ЈАС не сум тие, а тие никогаш не можат да бидат ЈАС. Иако не верувам во тоа што го кажувате, додека не видам со свои очи. Рековте ресторани, излегувања, зезанции? Ниту од тоа не патам, па да морам по секоја цена да ручам во
скапи ресторани, да излегувам на најдобри места. Еве баш вечерва планирам да излезам во еден локал, а не е во Сингапур, туку во мојот град. Но, ќе ми биде како да сум во најдобриот ресторан на најдобрата дестинација, бидејќи ќе бидам окружена со пријатели, нормални луѓе а не полусвет како тие вашите“, пишува револтирано мисицата, а меѓу бројните пораки на поддршка бргу и стасала онаа од Мис на Хрватска 2015, Маја Спахија.
„Извесна А.Т. ми ги испраќа истите пораки со денови… Замисли сега колку наивни
девојки има кои би се согласиле на ова… ужас“, напишала Маја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.