| четврток, 6 декември 2018 |

МНР потврди: Нема настрадани Македонци во Минхен

мнр

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија. Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани. За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија Лице за контакт: Блерта Сали Мобилен телефон: +491 763 063 50 87 Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München Е-пошта:[email protected]

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top