| четврток, 6 декември 2018 |

Девет загинати во нападот во Минхен

Минхенската полиција на твитер објави дека бројот на загинатите во нападот во трговскиот центар „Олимпија“ се искачи на девет.

Деца тешко повредени, некои и во животна опасност се донесени во болница по нападот во Минхен, јави телевизијата „Ер-те-ел“.

Претхoдно, Дојче веле емитуваше изјава на очевидец кој рече дека напаѓачот пукал во деца кои јаделе во „Мекдоналдс“ во трговскиот центар.

Според видео што се појави во медиумите, еден од напаѓачите во Минхен е снимен на покрив од зграда и вика: „Јас сум Германец“. Се повеќе се зборува оти можеби станува збор за напад на екстремна десница затоа што денеска е 5-годишнина од терористичкиот напад во Норвешка што го изведе екстремниот норвешки десничар Андрес Брејвик, во кој загинаа 77 млади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top