| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачите Германци: Двајца сè уште живи и екстремно опасни

Таксист тврди дека напаѓачите не се странци, алудирајќи на исламисти, туку Германци, пренесуваат германските медиуми.


Нејасно е кои се напаѓачите велат соговорниците на „Си-ен-ен“ во Минхен, а не се исклчува можноста дека тие се Германци.

Полицијата потврди дека има тројца, дека се вооружани, дека се опасни и се во бегство. Потрагата по нив е во тек. Полицијата потврди дека еден од нив се самоуби.

Еден сведок, кој успеа да побегне од трговскиот центар вели дека едното лице кое пукало на луѓето кои се нашле во близина им упатувало навреди. Сведокот тврди дека бил облечен како неонацист.

Полицијата е уверена дека напаѓачите уште се во градот и не го напуштиле Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top