Статистичките податоци покажуваат дека Скопје го посетуваат сè поголем број на туристи, како домашни така и странски, а она што ги привлекува се знаменитостите и специфичностите на градот, вели таткото на град Скопје, Коце Трајановски.
-Меѓу нив се старата скопска чаршија, скопското кале, Милениумскиот крст, Св. Пантелејмон, Матка, и во последен период интензивната изградба и реконструкција на централното подрачје. Луѓето кои доаѓаат тука велат „се случува нешто тука, градот е жив, се обновува, се градат нови плоштади, нови улици, булевари“, тие сакаат да гледаат нешто што се движи, што се менува, и се покажува дека навистина се обрнува внимание тој град- вели Трајановски.
Тој додава дека реонструирниот плоштад „Македонија“ е еден од најубавите во Европа.
-Изграден во стил на мозаик, плоштадот „Македонија“ е еден од најубавите во Европа. Потоа би можел да ги издвојам плоштадите ВМРО, Филип Втори, Богодорица. Тие се исто така мошне привлечни, и често се посетувани од странски туристи – вели Трајановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)


