| четврток, 6 декември 2018 |

Нов систем за снимање со камери на Табановце

На  Граничниот премин Табановце денеска ќе биде презентиран проектот „Мобилен систем за снимање со камери“ при што ќе бидат делени едукативни материјали – летоци за запознавање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање и за целите на проектот.

На презентацијата ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски.

На презентацијата ќе биде означен и почетокот на превентивната акција за делење едукативни материјали за влијанието на заморот и брзото возење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top