Искрено сум задоволен од постигнатиот договор, рече денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во отвореното студио на ТВ Нова, додавајќи дека и вчера го кажал истото.
– Од тој аспект, уште еднаш ќе речам дека сум многу задоволен затоа што направивме сериозен чекор во решавање на оваа криза која трае веќе 2 години. Од овој договор победници се граѓаните и треба да биде победена кризата -рече Тодоров
Не би сакал со внесување на негативна енергија додаде тој, не треба да се работи на намерно рушење на овој договор треба во добра волја да ги спроведеме обврските на договорот.
– За избори на 11 декември ако се исполнети условите ќе се утврди на 31 август најкасно може да биде и порано лидерите треба да оценат дали се исполнети сите услови за фер и демократски избори и ако се исполнети да се утврди денот на изборите. Важно е кои се тие услови. Два услови се во прашање: избирачки список и медиумите – додаде Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент