Во моментов тече инсталирањето на пет нови мамгорафи ширум Македонија од кои четири се во завршна фаза. Петтиот во Македонска Каменица е во фаза на инсталирање, бидејќи таму течат и градежните работи за подготовка на теренот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Прилеп.
Тој исткана дека претходно беа набавени и вградени шест мамографи во поголемите населени места во Македонија, меѓу кои и во Прилеп.
– За петте нови мамографи се инвестираат околу 40 милиони денари. Мамографите се максимално искористени и спасуваат многу животи затоа што правењето скрининг во рана фаза на појава на канцер кај жените е речиси гаранција дека ќе бидат излечени, рече Груевски.
Доколку скринингот се прави доцна, додаде, за жал голема е веројатноста да заврши со смртни последици.
– Набавката на мамографите не само што значи осовременување на здравствената инфраструктура, туку значи и конкретно и директно спасување на многу животи ако во рана фаза биде откриена болеста преку скрининзите, посочи Груевски.
Тој додаде дека Министерството за здравство веќе има направено програма за скрининзи на сите жени над педесетгодишна возраст кои се повикуваат да направат скрининг, а доброволно скрининг може да направат и младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии