ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години реконструира над 450 училишта во РМ и вложи над 50 милиони евра во подобрување на образовната инфраструктура во земјава, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевкси при денешната посета на Прилеп.
Тој посочи дека постојано се вложуваат големи средства за реконструкција за што е можно повеќе училишта во Македонија.
– Ние имаме континуирани вложувања во реконструкција на училиштата во Македонија. Тоа ни е една од главните активности. Огромен број училишта се веќе реконструирани, а сега започна третата фаза во која се реконструираат последните 20 од предвидените 60 училишта за реконструкција за годинава, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Прецизира дека во општина Прилеп во изминантите 10 години се реконструирани сите училишта.
– Некаде е променет покривот, некаде подот, некаде целосно училиште, некаде се обновени тоалетите, некаде дограмата… Во Прилеп нема училиште во кое во овие десет години немало поситна или покрупна интервенција односно целосна или делумна реконструцкија, рече Груевски.
Нагласи дека реконструкцијата и обновата на училиштата во Македонија останува една од главните определби во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии