Министерката за култура Елизабета КанческаМилевска денеска го посети етнолошкиот музеј во комплексот „Македонско етно село“ во Нерези, проект на Владата кој е во функција на промоција и афирмација на нашето културно наследство.
-Уште при самата идеја, кога се реализираше овој проект беше од огромно значење да се отвори посебен музеј, каде има 10 нови вработувања. Се вработија кустоси, водичи и други стручни лица кои се неопходни за функционирање на самиот музеј, рече Канческа-Милевска.
Во музејот посетителите имаат можност да видат уникатни предмети кои досега не биле изложени. Етнолошката поставка е сместена на првиот кат на површина од 132 метри квадратни, вториот кат е со површина од 100 метри квадартни и е наменет за одржување мултимедијални активности, презентации, промоци… Се претставувата комплетни народни носии со накит и без накит, а предметите кои се изложени потекнуваат од крајот на 19 и прва половина на 20 век.
-Тие ја претставуваат архитектурата во Република Македонија и културата на живеење преку најразлични обичаи и занаети кои можеме да ги видиме во секоја куќа посебно. Имавме можност да видиме грнчарска, филигранска и ткајачка работилница, каде се изработуваат многу предмети кои се за продажба, рече Канческа-Милевска.
За неполн месец, како што рече, од отворањето на комплексот досега има над 20.000 посетители. Министерката за култура информира дека музејот е доста посетен и во моментов работи од 10 до 18 часот. Се планира работното време да се продолжи до 22 часот.
Мирјана Нинчевска, директор на Музејот на Македонија соопшти дека успеале на толку мал простор успешно да ја претстават темата „македонско село“, преку мултимедијален пристап и преку стручно, издржано и техничко поставување на самата поставка. Она што се најекслузивни предмети во витрините, каде е накитот, има некои занаетчиски производи кои се полуксузни бидејќи во македонското село функционирале сите занаети.
-Не се произведувало само она што основно, за преживување, туку во културата на живеење на македонското село е присутно и богатото украсување, чествување на многу случки од секојдневниот живот, рече Нинчевска. Додаде дека овие моменти се доловени преку фотографии и документарен филмски материјал.
Директорот на комплексот „Македонско етно село“ Павле Камиловски информира дека се распространети на 15.000 метри квадратни.
-Освен 12 автентични куќи, има три тематски ресторанитрадиционален, интернационален и паб. Во традиционалниот ресторан се служи македонска храна. Има доста голема заинтересираност. Луѓето се воодушевени од самиот комплекс, од изградбата на куќите, од храната што се послужува и од услугата што се добива, рече Камиловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст