| четврток, 6 декември 2018 |

Овните ќе паднат на Стрелец, Близнаците ќе чезнеат по Лав – љубовен хороскоп за лето 2016

Ѕвездите за ова лето носат возбудливи моменти за секој знак. Пред оние слободни припадници претстојат многу авантури и летни љубови

Овен
Аморовата стрела ќе ја фрлите кон Стрелецот, бидејќи е општопознато дека овие момчиња можат да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе делуваат на вас, проширувајќи ви го кругот на интереси и правилно насочувајќи ја вашата енергија.
Со мажот Овен било која жена секогаш ќе се чувствува заштитено, а во кревет ќе биде и повеќе од задоволна бидејќи кај Овенот страста е главен двигател во животот.

Бик
Пронајдете маж кој е Девица бидејќи тој е оној кој ќе ви пружи однос полн со взаемно разбирање. На жената Бик и одговараат практичност, мудрост и сериозност – одлики на Девицата. Со здружени сили можете многу да постигнете бидејќи ќе бидете извонредни пријатели и љубовници кои ќе знаат да ги задоволат меѓусебните потреби.

Близнаци
Доколку сте припадник на овој знак, тогаш тежнеете кон некој Лав кој со својата сила и топлина ќе го згрее вашето срце, но и тело. Мажот Лав е како некој учител кој ќе ве соочи со вашите мани но и предности, давајќи ви „ветер“ во грбот со својата енергија.

Рак
Жената Рак би требало да обрати внимание на лице во знакот на Шкорпијата. Токму тој од сите други знаци, најдобро ќе знае да ја цени нејзината потреба за топлина, дом и семејство. Во некоја рака, ќе и’ ги чита мислите и ќе и пружи одлична интелектуална и емоционална поддршка. Плус, на Ракот никогаш нема му биде досадно во друштво на една Шкорпија.

Лав
Побарајте некој Овен бидејќи само тој може да ги следи вашите желби. Вашата врска ќе ја краси високо ниво на толеранција и компромис, иако малку ќе се карате бидејќи имате сличен темперамент.

Девица
Вам ви одговара Јарец бидејќи ги разбира вашите стравови и ви пружа доволно љубов и заштита. Плус, двајцата сте практични и многу реални знаци кои се насочени кон негување на фамилијарните вредности.

Вага
Побарајте Водолија која ќе умее да ги задоволи сите ваши еротски сетила. Покрај Водолијата никогаш нема да ви биде досадно бидејќи ќе знае да ве расположи кога сте тажни или уморни.

Шкорпија
Вам ви е потребен нежен, страстен и сензуален маж кој можете да го пронајдете во знакот Риби. Вашиот однос ќе биде крајно емотивен и бурен, но Рибата ќе знае и умее да ги поднесе вашите промени во расположението па и вашата иронија и критичност.

Стрелец
Дамите во овој знак би морале да пронајдат некој огнен Овен кој ќе им ја пружи саканата акција и возбудување. Плус, Овенот секогаш ќе ги разбере вашите потреби и ќе ви даде доволен простор да се изразите и отворите, а на сексуален план ќе немате грижи. Огнено и страсно на квадрат!

Јарец
Вам ви е потребен Бик бидејќи ќе ви го пружи она кон што најмногу тежнеете: сигурност! Двајцата сте знаци кои цврсто веруваат во традицијата, но и во семејните вредности, па зедно полесно ќе го постигнете сето тоа.

Водолија
Близнаците се вашиот совршен партнер за пролет и лето. Овој маж ќе ги разбере вашите хирови и потребата за задржување на индивидуалноста и слободата. Плус, двајцата сте друштвени и секогаш имате тема за разговор.

Риба
Вам најмногу ви одговара Ракот бидејќи со својата мирољубива природа ќе ја смири вашата недоверба и љубомора. Мажот Рак ќе ве чита како отворена книга и ќе ви го пружи толку посакуваното чувство на сигурност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top