| четврток, 6 декември 2018 |

„Спиевме кога автобусот ни влета дома“ – жена итно пренесена на Клиника

Рано утринава страшна автобуска несреќа ги потресе жителите на селото Бинјежево, кога автобус, буквално, влета во куќа.

Причината за несреќата сè уште не е позната, но возачот на автобусот во засега неразјаснети околности загубил контрола и удрил во куќата на семејството Ризвановиќ.

Сопственикот на куќата е тешко повреден, а неговата мајка е итно препратена на Клиника. Тие спиеле кога автобусот, буквално, им влетал дома, сè им искршил и ги повредил.

Во тек е извлекување на автобусот од местото на несреќата.

Автобусот сообраќал на релацијата Сараево – Дубровник – Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top