Според сириската опозициска опсерваторија за човекови права, дванаесет луѓе биле убиени во артилериски напад на сириската војска врз станбена зграда во градот Алепо.
Во бомбардирањето пак, на неколку квартови во Дамаск загинало четиричлено семејство. Силите на Башар ал Асад ги зајакнале нападите околу квартовите во главниот град што се под контрола на бунтовниците за да ја преземе контролата врз источниот дел на градот.
Според организацијата, жестоки борби се водат и на северот и на југот на земјата. Според информациите на ОН, во 22 месечниот конфликт загинале повеќе од 60.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


