Комбинација од цвекло и од морков со додатокот на мед, портокали и на јаболка, прави една убава комбинација, која освен што ќе ве подигне од „мртвите“, благотворно ќе дејствува на целиот ваш организам.
Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите тие што одат на хемотерапија, бидејќи одлично се бори против сите последици од оваа терпија, која се применува при состојба на карцином.
Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и сте депресивни, можеби токму овој домашен сок е тоа што ви е потребно.
Потребни состојки:
– 1 кг цвекло
– 1 лимон
– 1/2 кг моркови
– 3 портокали
– 3 јаболки
– 1 килограм мед
Сите состојки исчистете ги и ставете ги во блендер.
Ќе добиете сок со црвена боја, кој потоа може да го распределите во шишиња или тегли, внимавајте тоа да не бидат пластични садови.
Смесата треба да ја чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати доколку го консумирате наутро, на празен желудник, а доволно е само половина чаша.
Ако го пиете секој ден, веќе за десетина дена ќе почувствувате неверојатни промени, пред се кога се работи за вашата енергија, но и вашето расположение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.