| четврток, 6 декември 2018 |

Авторката на говорот на Меланија Трам се извини: Жал ми е за плагијатот

Мередит Мекајвер си понудила оставка откако медиумите открија дека говорот на Меланија Трамп е очигледен плагијат, но Доналд Трамп ја одбил. Таа објасни дека Меланија читала извадоци од говорот на Мишел Обама, на која ѝ се восхитува. Мекајдер ги запишала и подоцна ги вклопила во говорот прочитан на конвенцијата во понеделникот.

-Не го рповерував говорот на госпоѓата Обама. Тоа е моја грешка и се чувствувам ужасно поради хаосот што им го предизвикав на Меланија и на Трампови, а и на госпоѓата Обама. Не сакав никому да наштетам, напишала Мекајвер во писмо кое го објавила компанијата на Трамп.

Спорниот извадок во говорот на бившиот модел Меланија гласи: „Од млада, од своите родители наследив вредности дека морате напорно да работите за она што го сакате во животот, дека вашиот збор е ваш залог и дека мора да го сторите она што го зборувате и да стоите на ветеното, дека мора да постапувате кон луѓето со почит“.

Мишел Обама во говорот одржам во 2008 година на демократската конвенција рече: „И јас и Барак сме израснати си исти вреднсоти: дека мора напорно да работите за она што го сакате во животот, дека вашиот збор е ваш залог и дека мора да го сторите она што го зборувате, дека мора да постапувате кон луѓето со почит и достоинство дури и ако не ги познавате и дури ако не се сложувате со нив“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top