Турските ловци F-16 кои полетаа за да ги проверат извештаните за тоа дека исчезнатите бродови на турската крајбрежна стража се појавиле во грчки води се вратени во базата.
Се покажа дека станува збор за лажна тревога, наведуваат турски воени извори.
Турското министерство за внатрешни работи ги негираше тврдењата дека бунтовниците можеле да земат брод и да побегнат во грција, јавува АФП.
Изстата агенција претходно информираше дека авионите F-16 се обиделе да застанат два брода кои тргнале кон грчки води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


